Куќа на планина, покрај река, море или езеро е вистинското место за одмор и oпуштање. А, пандемијата придонесе и ваквите објекти да се користат сѐ почесто и сѐ повеќе.

Овие „прибежишта“ од секојдневието, обично се помали од вообичаениот дом, па поради подолгиот престој во нив периодов, луѓето мораат подобро да го искористат нивниот простор. Едно од решенијата е лизгачка врата, на која не ѝ треба лак на отворање, а новите модели задоволуваат и високи критериуми на издржливост и безбедност.

Во викендички и летниковци, внатрешниот простор за престој обично не е примарен, туку тоа е погледот надвор. Со поширока лизгачка врата, внатрешноста потполно се комбинира со надворешноста, за целосно уживање и максимална удобност во времениот престој.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2021 14:10