Сметаме дека г-динот Зоран Заев се'уште тактизира за да го заштити министерот Филипче, а пратеничкото мнозинство СДСМ – ДУИ за да ги заштити и надлежните во Општина Тетово и во клиничката болница во Тетово.

Денес со жалење сакаме да констатираме дека добивме неофицијална информација дека собраниското мнозинство ја одбива Предлог-одлуката за формирање на Анкетна комисија која што ја поднесовме за да се утврдат постапките и недостатоците при изградбата и примопредавањето за употреба на модуларната болница во Тетово, која што беше опожарена и како резултат на тоа имавме трагедија со 14 изгорени пациенти.

Сметаме дека со ваквиот потег, парламентарното мнозинство не сака да се расчисти овој случај и не сака да добијат одговор прашањата кој ја носи политичката и кривичната одговорност за оваа трагедија која чинеше 14 човечки животи.

Сметаме дека г-динот Зоран Заев се'уште тактизира за да го заштити министерот Филипче, а пратеничкото мнозинство СДСМ – ДУИ за да ги заштити и надлежните во Општина Тетово и во клиничката болница во Тетово.

За жал заштитата на нивните партиски кадри, министерот Филипче, заменикот министер од ДУИ, директорот на болницата од ДУИ и другите надлежни во општината Тетово им е поважна на власта отколку дознавањето на вистината за одговорноста за оваа голема здравствена и човечка трагедија.

Се надеваме дека преку медиумите и преку овој апел ќе успееме и понатаму да поттикнеме да се истражува овој настан, да не се заборави, се додека нема морална, политичка и кривична одговорност.

Антонијо Милошоски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2021 15:51