Дрското манипулирање со народот продолжува од страна на СДСМ. Од лажните оставки, сега нелогично гласаа против расправа во Комисијата за труд и социјална политика.

Пратениците од власта бегаат од соочување на аргументи за несреќата и не сакаат да достават никакви информации за трагедијата во која изгореа 14 луѓе, а го одбија и предлогот да се формира анкетна комисија.

Граѓаните треба да бидат свесни дека ваквиот однос на пратениците од власта е согласување со ставот на Заев за кого несреќата е банална.

За СДСМ поважно е да се дискутира дали недела ќе биде неработен ден, отколку да се преземе одговорност и расчисти огромната трагедија во која живи изгореа наши сограѓани.

Ваквиот потег на пратениците од власта говори дека СДСМ нема никакви морални принципи, туку е водена од ниските страсти за личните интереси и заштита на одговорните лица.

Срамно и невидено однесување, граѓаните ќе го препознаат лажниот морал и лицемерието за емпатија кон сопствениот народ на Заев и неговите послушници пратеници кои не умеат да размислуваат со своја глава, туку работат да го заштитат неговиот другар Филипче.

На СДСМ народот никогаш не им бил на прво место, нема поголем доказ за тоа од ова скандалозно однесување.

Вистината ќе излезе на виделина, одговорност ќе има, а лицемерието ќе биде поразено.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2021 19:11