Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека претседателот на партијата Али Ахмети и неговото семејство денеска во неговиот дом го реализирале процесот на попишување. Притоа Ахмети уште еднаш упатил апел до граѓаните да се попишат. Пописот на населението во земјата завршува на 30 септември.

-Денеска бев домаќин на попишувачите во мојот дом и заедно со моето семејство станавме дел од пописот на населението во нашата земја. Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство. Попишувањето се одвива до 30 септември, додека од денес сите оние кои не се попишани од различни причини во својот дом, истото можат да го направат во општината во која живеат, напишал Ахмети на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2021 02:56