А.Д. вчера во 17.40 часот во Полициската станица Македонски Брод пријавил дека се превртел чамецот со кој тој и Б.Л.(55) од кичевското село Пополжани ловеле риба на езерото Козјак.

Според пријавеното, А.Д. останал на чамецот и дошол до брегот, а Б.Л. пливал, но на околу 30 метри пред брегот потонал во водите на езерото. Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на Б.Л. и за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 02:51