Италијанецот Андреа Муци (21) успеа да запомни бројка од 630 цифри за пет минути. Доколку неговото достигнување е официјално признато, тоа ќе биде светски рекорд, појасни организаторот на натпреварот „Мемори Екс-Ел“ (Memory XL), проф. Штефан Битов.

Младиот Италијанец победи на натпреварот што се одржа во Торгелоу, источна Германија, со рекордни 8594 поени.

На настанот учество зедоа 1.700 луѓе од пет земји. Натпреварувачите требаше да покажат вештини за помнење слики, зборови и една долга низа броеви.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 03:20