Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), баварската сестринска партија на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), го доживеа најлошиот резултат досега на изборите за Бундестагот од 1949 година, пишува весникот „Тагешпигел“.

Според првичните резултати, ЦСУ освои само 31,7 проценти од гласовите на граѓаните на Баварија на федералните избори оваа година.

Лидерот на ЦСУ, Маркус Зедер, изјави дека „не е задоволен“ од резултатот, но дека „сепак е значително повисок од резултатите на ЦДУ за целата земја“. Зедер се повлече од трката да стане кандидат за канцелар на ЦДУ/ЦСУ во април, иако во анкетите за популарност беше пред Армин Лашет од ЦДУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2021 12:06