Северна Кореја утрово лансира неидентификувани проектили кон отворено, соопшти јужнокорејската армија.

Додека Министерството за одбрана на Јапонија соопшти дека истрелана е балистичка ракета, но не наведе повеќе детали.

Претходно, амбасадорот на Северна Кореја во Обединети нации ги повика САД да се откажат од непријателските политики кон Пјонгјанг со порака дека никој не може да го оспори правото на неговата земја на самоодбрана и тестирање на оружјето.

Северна Кореја ги обвини Сеул и Вашингтон за „двојни стандарди“.

Во средината на месецот и Северна и Јужна Кореја тестираа балистички проектили, продолжувајќи ја трката во вооружување.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 10:24