Силен ураган се приближува кон областите во јужниот дел на Иран. Се очекува ветрови и големо невреме да го погодат иранскиот брег од Макран на пакистанската граница до Ормутскиот теснец од 30 септември до 4 октомври, соопшти Службата за безбедност на пристаништата и поморската организација на Иран.

– Од 30 септември многу силно невреме ќе ги зафати сите крајбрежни области од Макран и Чабахар до Ормутскиот теснец. Ги повикуваме сите засегнати страни да го имаат предвид нашето предупредување. Бурата ќе трае до 4 октомври, се наведува во соопштението.

Метеоролошката организација на Иран предложи формирање кризен штаб во земјата за носење одлуки поради актуелните услови во крајбрежните провинции Систан и Балуџистан и Хормозган.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 14:56