Полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Г.А.(50) и С.А.(22), двајцата од с.Крупиште, oпштина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека во атарот на с.Крупиште сториле кривично дело „незaконит лов“, казниво по член 228 од Кривичниот законик.

Кај Г.А. бил пронајден и одземен еден реденик за куршуми, а кај С.А. била пронајдена и одземена ловечка пушка и куршум.

Запознаен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2021 03:30