На 27.09.2021 околу 15.00 часот кај место викано „Ресулка“, атар на с.Лојане, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Р.Р.(68) од с.Лојане, затоа што со запалка предизвикал пожар на наведеното место, при што изгорела сува трева, а бил забележан од очевидец.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Матејче и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2021 03:30