Власта има пари за кампањи ама не и за нас, реагираат тутунарите. Се заканија дека овој пат нема да протестираат по улиците, туку незадоволството ќе го решеле со пенкало на денот на изборите.

-Земјодлеците се чувствуваат измамени. Сите овие пари кои се трошат за време на избори, за време на кампањи, да се дадат на земјодлеците би биле многу покорисни отколку да се трошат на едни вакви непродуктивни работи. Ако веќе има пари за такви работи, зошто не би имало пари за земјоделците кои се во категорија на најизмачени и оние кои што ја хранат државата да се заборавени и да се дното на општеството, вели за Алфа координаторот на новоформираните тутунски здруженија, Игор Мирчески.

Останува нивната болка за исходот од годинашнава реколта која е при крај.

-Нашава реколта од самиот старт почна со проблеми. Сведоци сме сите дека договорените количини се намалија, голем број на тутунопроизводители останаа без договори, имавме лоша реколта во засадувањето, имавме лоша реколта за време на вегетативниот период каде што температурите се искачија на највисоко ниво, со слаби врнежи, онаму каде што имаше врнежи, беа проследени со врнежи од град, сведоци сме пред неколку дена дека веќе запре и водоснабдувањето од Прилепското езеро, што е уште еден удар врз тутунарите и земјодлеците што ќе се одрази врз крајниот резултат на целокупното производство и целокупниот род, додава Мирчески.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2021 05:55