ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Р.Д.(54) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот се договорил со А.А. да купи од него реквизити за фитнес клуб по цена од 35.200 евра на шест рати.

Тој не се придржувал кон договореното и исплатил само 5.000 евра, при што се стекнал со имотна корист од 30.000 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2021 05:56