Музејот за модерна уметност „Кунстен“ во Алборг, Данска, плати 72.000 евра за две слики, но кустосите не го добиле точно тоа што го платиле.

Имено, уметникот Јенс Ханинг, кој ги зел парите, потоа испратил две празни, бели платна. Тој објаснува дека празните платна се новата уметност, под наслов „Земи ги парите и бегај“, и е „еден вид коментар за ниските плати во земјата“. Управата на Музејот не е задоволна од ова „објаснување“, но сепак, апсурдноста не ги спречи да ги прикажат двете платна како дел од неговата изложба, наречена „Размисли“, која го истражува односот на луѓето со работата.

Ханинг, инаку, е познат по своите провокативни дела како уметник, во Данска.

Договорот предвидувал дека галеријата му ги дава парите на Ханинг за тој да може да ги вложи во реплика на поранешно уметничко дело. Уметникот притоа сакал да претстави две слики – мала и голема, за да ја илустрира разликата во просечните годишни примања во Данска и Австрија.

– Всушност, ми дојде да се смеам кога вработените ги отпакуваа празните платна, изјави извршниот директор на „Кунстен“, Ласе Андерсон.

На крајот, по закана од судот, Музејот и Јенс Ханинг потпишале нов договор, според којшто уметникот ќе испорача нови дела и ќе ги врати исплатените пари до 16 јануари 2022.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2021 11:51