СВР-Битола информира дека синоќа околу 20 часот на крстосница од ул.„Крушевска Република“, ул. „Глигор Прличев“ и новопредвидена улица кон место викано „Смолево“ во Битола, повреден е велосипедист од тој град.
Патничко моторно возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(42) од с. Долно Оризари, Битолско, удрило во велосипедистот В.Н.(20) од Битола. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола.