Пешак бил повреден попладнево во сообраќајка кај кавадаречката болница. Полицијата врши увид на лице место. Како што информираше за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, засега не можат да се кажат детали за сообраќајната несреќа. Тој соопшти дека во пешакот удрило патничко моторно возило, на улицата „Шишка”.