Британката Менди Панел и нејзиниот партнер Томас Милс го делат својот дом со мачорот Весли и кучето Спок… А, нивните миленичиња веќе сега редовно даруваат крв и со тоа спасуваат други миленичиња.

– Весли е многу добро маче кога станува збор за дарувањето крв. Преде цело време… Па, ќе погледне накај кучето и го бара кога е исплашено. Се грижи и за нашата помала мачка, вели Менди.

Иако постои одредено соперништво меѓу нив, Весли и Спок сепак се многу блиски.

Мачката досега десетпати дарувала крв, а кучето – пет пати. Пред процедурата, секогаш се прави преглед за тоа дали животните можат да даруваат крв, а сѐ зависи и од нивниот темперамент. Инаку, кучињата закрепнуваат побрзо од мачките по дарување крв.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2021 13:57