На 29.09.2021 околу 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Герника 2“ во Скопје, Н.А.(49) од с.Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа на негов пријател, починал од струен удар.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.