Научниците сметаат дека лебот секогаш паѓа на намачканата страна поради висината на масата.

Ако сте некој од оние на кои лебот секогаш им паѓа додека појадуваат, малку е веројатно дека вашиот под ќе остане чист. Затоа што лебот секогаш паѓа на „погрешната“, намачкана страна.

Тоа е она што го нарекуваме „Марфиев Закон“: едноставно секогаш паѓа она што тежнее да падне.

Научниците, сепак, истакнуваат дека тоа нема никаква врска ни со случајност, ни со намазот.

Британскиот научник, Роберт Метјуз, член на Кралското астрономско друштво и Кралското статистичко друштво, е добитник на Ig-Нобелова награда во 1996 година за научен труд за оваа појава, нагласува дека лебот паѓа на намачканата страна заради „фундаменталните константи“ на Универзумот, како што е гравитацијата.

– Лебот паѓа од масата на намачканата страна затоа што Универзумот е така создаден, наведе тој тогаш во неговата студија, јави сајтот universescience..

Неколку години подоцна Метјуз своите забелешки ги потврди со докази: резултатите од тестирањата на 9.821 парчиња леб покажаа дека 6.101 паднале на намачканата страна, што во проценти е 62 отсто.

Иако големита и формата на парчето леб како и начинот на неговото паѓање имаат одредена улога, во поголем број случаи, висината на мастата е таа која е пресудна за „масното приземјување“.

Имено, лебот има време да направи само полукруг пред да го допре дното.

За да се сврти целиот круг, потребно е масата да биде висока три метри или силата на гравитацијата да биде поголема.

Кога Метјуз и негововата екипа го фрлале лебот од околу 2,4 метри, 47 отсто од 2.000 парчиња паднале на ненамачканата страна, сувата страна на лебот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2021 04:18