На 02/03.10.2021 во периодот од 22.00 до 04.00 часот полициски службеници од СВР Штип спроведоа засилена акциска контрола на подрачјето на СВР Штип за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Притоа, кај 20 возачи било утврдено дека управувале моторно возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, времено одземени им се возачките дозволи и издадени им се прекршочни платни налози.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2021 14:59