Седумнаесетгодишно момче од село Мешеишта, општина Дебарца, загина во сообраќајка што се случи изутринава, во 3:00 часот кај село Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево. Момчето било сопатник во возилото и од здобиените повреди починало на местото на несреќата.

Како што информира МВР, во несреќата патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17-годишен малолетник од село Лешани, општина Дебарца излетало од патот. Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2021 16:30