Владејачката партија „Грузиски сон“ е победник на локалните избори во земјата, што се одржаа во сенка на политичката криза, покажуваат официјалните податоци.

„Грузиски сон“ освои 46,6 проценти од гласовите, откако беа пребројани речиси сите гласачки ливчиња, соопшти попладнево Централната изборна комисија.

Најголемата опозициска партија, „Обединето национално движење“(ОНД), чиј основач поранешниот претседател Михаил Саакашвили, вчера беше уапсен отккао по осум гоидни бегство с еврати во земјата, освои 30,7 проценти од гласовите.

Меѓутоа, втор круг од изборите ќе има во голем број градови.

Апсењето на поранешниот шеф на државата предизвика тензии со Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека постојано работи на враќање на украинските граѓани.

-Михаил Скашвили е украински државјанин, така што тоа важи и за него, рече тој, додавајќи дека сите институции работат на случајот.

Поранешниот претседател, по кого беше распишана потерница, беше уапсен од полицијата во стан во Тбилиси.

Министерството за внатрешни работи објави дека Саакашвили бил под истрага за илегално преминување на границата. Тој претходно беше осуден за злоупотреба на службената положба во земјата, а последните две години беше советник на претседателот во Украина.

Грузискиот претседател Иракли Гарибашвили вети дека неговата земја ќе одговори на сите прашања од странство.

Лидерот на партијата „Грузиски сон“, Иракли Кобачидзе, кажа дека неговата партија има „убедлива победа“ на изборите.

Меѓутоа, втор круг избори ќе има во главниот град Тбилиси, со над милион жители.

Локалните избори во земјата со 3,9 милиони жители се одржаа откако главната опозициска партија со месеци го бојкотираше парламентот поради спорните парламентарни избори од минатата година.

Според договорот постигнат пред неколку месеци со посредство на Европската унија, владата се обврза дека ќе распише нови парламентарни избори доколку „Грузиски сон“ освои помалку од 43 проценти од гласовите на локалните избори.

Договорот пропадна откако владејачката партија се повлече, а политичките аналитичари предупредија дека изборните резултати, доколку „Грузиски сон“ падне под 43 проценти, може да предизвикаат протести во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2021 04:54