На 03.10.2021 полициски службеници од СВР Битола - Одделение за внатрешни работи Прилеп го лишија од слобода Ф.М.(26) од Прилеп.

При претрес извршен со претходно издадена судска наредба во дом и други простории на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп, во кои живее Ф.М. биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2021 12:45