Полициски службеници од СВР Тетово денеска спровеле засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 56 возачи.

Од МВР соопштија дека од нив, шест возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. 35 санкции се изречени на територија на Тетово, а 21 на територија на Гостивар.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2021 01:21