СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ч.Р.(31) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 28.08.2021 во казино во Охрид, пријавениот со нож се заканил на вработен во казиното.