Австралискиот производител на медицински помагала „Елум" (Ellume) повлече од продажба во САД 200.000 тестови за Ковид-19 за домашна употреба поради зголемен ризик од лажно позитивни резултати.

Американската агенција за лекови предупреди на ризикот од лажно-позитивни резултати во одредени серии тестови „поради неодамна идентификуваниот проблем во производството".

Овој „производствен проблем", како што е наведено, не влијае на исходот од тестот во случај лицето да е негативно за Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2021 13:06