Во изминатата недела во светот благо намалување на случаи на Ковид-19, во Европа зголемување.

Повеќе од 3,1 милиони луѓе се заразени со коронавирус ширум светот во изминатата недела, а повеќе од 54.000 починаа. Според Светската здравствена организација бројот на нови инфекции се намалил за девет отсто за седум дена, а смртните случаи за четири отсто. За седум дена, регистрирани се 3.118.410 заразени и 54.221 смртни случаи.

Значителен пад на нови инфекции беше пријавен во текот на неделата во Африка (43 отсто), Источен Медитеран (21 отсто), Југоисточна Азија (19 отсто), Западен Пацифик (12 отсто) и САД (12 отсто).

Во Европа, инциденцата е зголемена за пет отсто. Смртноста се зголеми за два отсто во Европа и Америка, додека другите региони бележат намалување, особено Африка (25 отсто).

Најголем број заразени лица за една недела е пријавен во САД (760.571). Следуваат Велика Британија (239.781), Турција (197.277), Русија (165.623) и Индија (161.158).

Според СЗО, заклучно со 5 октомври, во светот имало 235.175.106 случаи на инфекција и 4.806.841 смртни случаи од почетокот на пандемијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2021 13:14