Отсуствата поврзани со Ковид-19 во Англија скокнаа за две третини во последните две недели од септември. Ова предизвикува загриженост дека физичкото присуство ќе треба да се прекине и покрај ветувањето дека училиштата ќе бидат отворени.

Од САГЕ велат дека сè уште е тешко да се утврди дали училиштата се жаришта за пренос на вирусот или едноставно се рефлексија на ширењето на вирусот во заедницата. Но, ако случаите продолжат да растат, научните сметаат дека колку повеќе ученици и наставници се заразат со ковид-19, толку повеќе ќе биде нарушена работата на училиштата и воопшто на образовниот процес.

Во Шкотска, на пример, каде што учениците се вратија на училиште кон средината на август, една третина од новите случаи се лица на возраст до 19 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2021 13:15