Воените тензии со Кина се најлоши во последните 40 години, оцени денеска министерот за одбрана на Тајван, Чиу Куо-Ченг неколку дена откако рекорден број кинески авиони влегоа во воздушната одбранбена зона на островот.

За четири дена – од минатиот петок – Тајван соопшти дека се регистрирани околу 150 авиони на кинеското воздухопловство во својата воздушна зона, а вчера беше пријавен само еден упад. Прашан од пратениците за актуелните воени тензии со Кина, министерот за одбрана истакна дека ситуацијата е најсериозна во изминатите 40 години, откако тој се приклучил на армијата, наведувајќи дека постои опасност овие тензии да се прошират низ чувствителниот Тајвански теснец.

Чиу, исто така, порача дека Кина веќе има способност да го нападне Тајван и проценува дека се уште нема да може да изврши инвазија „целосно" до 2025 година, бидејќи мора да има предвид многу други работи за да започне војна.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2021 13:59