СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Ј.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 15.05.2021 во спортска обложувалница во Тетово, по завршување на работната смена на пријавениот од дневниот промет во обложувалницата недостигале 60.000 денари, односно тој паричните средства, кои му биле доверени на чување, противправно ги присвоил.