На 05.10.2021 околу 09:00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во атар на с.Кундино, пробиштипско, на место викано „Бела Вода“, настанал пожар при што била опожарена нискостеблеста шума и сува трева.

Во 15.00 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип.

Околу 22.50 часот на наведеното место, во својата бавча бил пронајден починат Д.Ѓ.(82) од Пробиштип со видливи изгореници на телото.

Увид извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2021 03:07