Ублажувањето на ценовниот шок што ни следи, кој според најавите ќе биде тешко да го издржи секој обичен граѓанин на дневно ниво, е можно со итна помош од државата за стопанството и бизнисите, вели универзитетскиот професор Лазар Јовевски.
Константното иселување на квалификуваната работна сила од Македонија, честите промени, предизвикува одредени промени во сите сектори, во прехрамбената индустрија, посебно во земјоделството. Ние немаме квалификувани работници кои треба сериозно да работат во овие сектори, немаме луѓе кои посветено ќе работат, како што треба, и мора под итно да се придвижат работите да се придвижат работите со стимулации со однос на задржување на луѓето во секторите, вели за Алфа Јовевски.
Граѓаните во мометов плаќаат 10 до 15% поскапа храна, а ценовниот шок во наредните месеци може да го ублажи државата со интервенција.
Навистина е суштински овој период е да ги задржиме квалификуваната работна сила во Македонија и за нивно соодветно наградување, односно плаќање на нивниот труд. За да цената на трудот, да не влијае драматично на цената на производите, ќе треба сериозно да помогне финансиски целиот сектор, додава Јовевски.