Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе потпише Меморандум за соработка со Националната мрежа на жени претприемачи.
Целта на Меморандумот за соработка, како што информираат од Министерството за економија, е активно вклучување на сите засегнати страни во спроведувањето на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија и подигнување на степенот на соработка во иднина, што ќе придонесе за економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување системска поддршка и инфраструктура за развој, поддршка и промоција на женското претприемништво со што ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.
По потпишувањето на Меморандумот ќе следуваат изјави за медиумите во Министерството за економија.