Сојузот на синдикатите на Македонија бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 отсто од просечната плата, а наредниот период треба да се размислува и за промена на законското решение со кое ќе се спречи минималната плата да изнесува под овој просек, како и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата преку што многу лесно ќе има зголемување и на просечната плата.

Во таа насока, велат од ССМ, е и изјавата на претседателот на Владата и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000 денари и со такво зголемување на минималната плата, истата ќе изнесува околу 63 отсто од просечната плата со што би се остватриле заложбите на Синдикатот и барањата на работниците.

-ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за август 2021 година изнесува 34.342,00 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, доколку минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000,00 ден. тогаш две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдиканата минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот, се вели во соопштението од ССМ.

Поради се поевидентното зголемувањето на цените, велат од Синдикатот, очигледно е дека ни треба зголемување на платите со кое работниците без да се грижат за својата егзистенција ќе можат да си ги овозможат најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница.

Затоа, нагласуваат од ССМ, ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граганите.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, во рамки на одбележувањето на Денот на пристојна работа, 7 октомври, одржа конференција на која беа презентирани наодите од анализата од Студијата за минимална плата, која е во процес на финализација, а истата ја изработуваат проф. д-р Драган Тевдовски и проф. д-р Бранимир Јовановиќ.

-Она што беше потенцирано до страна на проф. Јовановиќ, а е една и од потенцијалните преопораки и заложби на ССМ, е фактот дека покачувањето на минималната плата од 2017 година, немало никакви негативни ефекти врз фирмите, а ја зголемило нивната профитабилност, и во наредниот период слободно може да се оди со натамошни покачувања на минималната плата, се вели во соопштението од ССМ.

На настанот обраќање имаа Дарко Димовски, претседател на ССМ, Валон Садики, претставник на канцеларијата на ФЕС, Скопје, Милaн Живковиќ, советник на претседателот на Владата на РСМ, Емил Крстановски, Меѓународна организација на трудот, канцеларија Скопје, Бранимир Јовановиќ, експерт, Мирјанка Алексевска, Раководител во МТСП, Јована Тренчевска, ВД директор на Државниот инспекторат за труд, и Светлана Ристовска – Антиќ, Извршен директор на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Студијата за минималната плата, појаснуваат од ССМ, е во фаза на изработка и истата ќе биде промовирана во следниот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2021 17:41