Нaдворешната канцеларија за криминалистички Струга поднесе кривична пријава против М.М.(46) од с.Лабуништа, струшко, за сторено кривично дело „измама“.

Пред околу три години пријавениот купил стока во вредност од 950 евра од Џ.Ф.(81) од с. Делогожда, струшко, за која се договориле во рок од два месеца да биде платена.

Откако стоката не му била исплатена во договорениот рок, Џ.Ф. во неколку наврати го барал на мобилен телефон пријавениот, но истиот не одговарал на повиците по што сфатил дека е измамен, со што му била причинета материјална штета.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2021 03:44