Организацијата „Македонија2025“ по повод Меѓународниот ден за борба против бирократијата денеска ќе го презентира Индексот на бирократија за Македонија, кој е дел од проектот „Кон намалување на бирократскиот товар“.

На настанот најавени се обраќања на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, извршната директорка на „Македонија2025“ Никица Мојскоска Блажевски и на аналитичарот Сашо Клековски.

– Покрај објавувањето на резултатите за Индексот на бирократија (истражувачки период јануари-декември 2020 година) и компаративниот преглед за Македонија во однос на останатите земји од ЕУ (каде е спроведено истражувањето), ќе се обидеме да дадеме прогноза/укажеме на области и потребно време на бирократски товар кои дополнително би ги оптеретиле македонските бизниси во 2021 година, велат организаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2021 10:36