Изборот за песна на Евровизија следната година ќе се одржи во италијанскиот град Торино, објавија неколку западни медиуми.

Неколку италијански градови, меѓу кои и Рим, Милано и Фиренца, се кандидираа за домаќин на натпреварот, но според последните наводи, шоуто 2022 година ќе се одржи во Торино, северна Италија. Европската радиодифузна унија и италијанскиот јавен радиодифузер „Раи“ кои го организираат натпреварот се очекува да ја потврдат одлуката во текот на денов.

Италија стана земја домаќин на популарниот музички натпревар за 2022 година, откако италијанската рок-група „Манескин“ победи на овогодишното издание.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2021 16:04