Иран произведе повеќе од 120 килограми ураниум, збогатен 20 отсто, изјави шефот на иранската организација за атомска енергија, Мохамед Еслами.

Тој во интервју за државната телевизија рече дека, според нуклеарниот договор што го имаат со светските сили од 2015 година, другите потписници требало да му обезбедат на Иран 20 отсто збогатен ураниум, што е потребен за неговиот истражувачки реактор

– Но, тоа не беше испорачано. Ако не го произведовме сами, ова ќе се претвореше во еден од нашите проблеми, рече Еслами.

Според условите на нуклеарниот договор на Иран му беше забрането да збогатува ураниум над границата од 3,67 проценти, освен за активностите на истражувачкиот реактор.

Збогатен ураниум над 90 проценти може да се користи во нуклеарно оружје.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2021 13:35