Авганистанското момче Муртаза Ахмади е голем фан на Меси/Фото: EPA/JAWAD JALALI Единствениот специјализиран спортски телевизиски канал во Авганистан, 3 спорт, престана да работи поради финансиски проблеми и ограничувања воведени од талибанците, објави TOLO News.

Според Шафикула Салим Поја, кој е член на менаџментот на спортскиот канал, „од неодамна, кога репортерите одат да известуваат од настан, тие неизбежно се соочуваат со ограничувања”. Сега сите вработени во телевизијата останаа без работа

Според информациите на ТОЛО, за помалку од два месеци откако талибанците дојдоа на власт, повеќе од 150 авганистански медиуми беа принудени да затворат.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2021 03:05