Вчера во 16.00 часот полициски службеници ги привеле Е.М.(42) од Тетово и М.Н.(26) од Р.Србија, со престој во тетовско.

Имено, околу 15.30 на магистралниот пат А2-Прогрес 98, во близина на угостителски објект, полициски службеници сопреле патничко возило „пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.М., а во кое како совозач била М.Н., која барала помош. По извршен разговор М.Н., која била во видно алкохолизирана состојба, кажала дека била во љубовна врска со Е.М. и сама влегла во возилото.

Се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2021 04:18