Во Полициска станица Прилеп денеска повикан е И.Ј. (32) од Прилеп врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, соопшти МВР.
Тој е повикан поради омалoважување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата.