СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(45) од с.Опае, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“.

Пријавениот, од октомври 2020 до 26.02.2021 во куќа сопственост на А.Д.(57) од с.Јажинце, со лажна исправа и со намера противправно да се стекне со имотна корист, го довел во заблуда А.Д. дека е вработен во ЕВН Скопје и во неговата куќа поставил електрично броило кое не било одобрено од Операторот на дистрибутивниот систем.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2021 02:46