Државјанин на Турција е приведен на Граничниот премин Делчево, поради поседувањето туѓа патна исправа.

– Лицето Б.Ф.(55) е приведено на 14.10.2021 во 17:30 часот на Граничен премин Делчево. Полициски службеници го лишиле од слобода Б.Ф, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил туѓа патна исправа, од лице кое е негов роднина, информираат од МВР. По констатирањето на прекршокот, 55-годишниот Турчин е приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2021 02:47