За енергетската криза предупредуваме долго време, ама власта беше глува, сега е доцна констатира универзитетскиот професор и експерт за енергетика, Константин Димитров. Според него, увозот на јаглен сега е исто така задоцнета мерка.

-Сега имаме кај нас во Македонија после свадба тапани. Крај, нема веќе, задоцнето е, требаше до сега да мислат на тоа. Види уште една глупост, носат мазут во Битола, а тоа го имаат во Неготино. Не можам да разберам како е можно никој да нема слух за она што со години, па и изминативе месеци го алармираме, едноставно тоа е што е, додава Димитров за Алфа.

Според него сите студии кои биле направени за во земјава да се градат хидроцентрали, биле ставени во фиока. Последна во низата бил планот како „ТЕЦ Неготино“ да се стави во функција, но и напорите нешто да се направи пропаднале во вода.

Она што ги загрижува најмногу граѓаните, иако експертите се најсвесни, е фактот дека власта нема стратегија како ќе ја преживееме зимата кога во светот нема доволно енергенси и се соочува со екстремно високи цени на струјата.

Единствено до сега имаме само признание од премиерот Зоран Заев дека енергетската криза е на прагот, ама не знае дали ќе има повисока цена на струјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2021 03:13