Шеесет и двегодишен жител на Скопје е уапсен утрово во 7:50 часот на ул.„23 Октомври“, поради сомневање дека ја убил неговата 84-годишна мајка во нејзиниот дом во скопската населба Аеродром.

-Полициски службеници од Полициската станица Аеродром денеска во 7:50 часот на ул.„23 Октомври“, го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека утрово околу 6:30 часот во нејзиниот дом со остар предмет и нанел убодна рана на неговата мајка В.Т.(84) од Скопје, по што таа починала, соопштија од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2021 01:49