Украдени се пари од црквата „Св.Пророк Илија“ во село Митрашинци. Кражбата се случила во периодот од 13 до 17 октомври по што за настанот е известена беровската полиција.

– Во Полициската станица Берово, било пријавено дека во периодот од 13 октомври 2021 до пријавувањето 17 октомври 2021 во 07.00 часот непознат сторител влегол во црквата во беровското село Митрашинци, при што биле одземени пари. По пријавата извршен е увид од страна на екипа на ОВР Берово, соопштија од беровската полиција.

По извршениот увид започната е постапка за откривање на сторителот или сторителите.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2021 16:13