Поднесена е кривична пријава против тетовец заради постирање фотографии со експлицитна содржина од женско лице, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.И.(23) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 02.09.2021, пријавениот на социјалната мрежа „Инстаграм“ постирал фотографии со експлицитна содржина од женско лице, кое претходно му ги испратило фотографиите во пораки, се наведува во соопштението на МВР.