Патиките на „Конверс“, „All star“, се неодминлив дел од облеката, речиси за секого. Ги носат и младите и повозрасните, а за нив дури била снимена и песна. Без разлика на тоа колку се популарни, сигурно постојат работи за нив што не сте ги знаеле.

Првиот пар од овие патики бил произведен пред 98 години, односно во 1917 година.

Првиот пар „стартки“ бил црвен.

Чак Тејлор е првиот спортист што ги носел.

Во 1932-вата потписот на Тејлор се нашол на логото.

„Стартките“ се омилен бренд на рок -ѕвездите.

Досега се имаат појавено во 648 филмови.

Во 2001-вата „Конверс“ банкротираше, во 2003-тата беше преземен од „Најк“.

Во 2009-тата стартките добија нов дизјан па на нив заживеаја ликовите од стриповите, филмовите, светот на музиката…

По примерот на „стартките“ направени се најголем број фалсификати во светот.

Најголемата „стартка“ се наоѓа во Токио, долга е пет метри и направена е за да се соберат пари за жртвите од земјотрес.

Освен тоа, стартките се патики што најчесто се фрлаат во воздух. Засега никој не знае зошто тоа е така, но кока ќе имате прилика фрлете ги и вашите високо, не за друго, туку за уште повеќе да ја засилите статистиката.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2021 05:36