Во текот на вчерашниот ден (20.10.2021) Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на тетовско-гостиварското подрачје, при што санкционирани се 31 возач. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2021 13:12