Откако пропадна тендерот на ЕСМ сега дефинитивно прашањето е како ќе ги презимиме студените денови. Во меѓувреме стана сериозно поскапувањето на цените на нафтата, бензинот и плинот, но и на сите други основни продукти. Стопанството алармира дека државата мора да најде начин да интервенира.

Ваквиот несериозен однос од власта не може да оди до небо. Владините министри независно од изборниот период, мора да работат и да се функционира како што треба, сите активности на владата имаат превез на корупција. Тоа значи дека сите треба да функционираат во насока на функционирање на системот без перцепиции. Не знам како во иднина компаниите кои што ќе произведуваат, без оглед дали се приватни или државни – како ќе го надоместат тој губиток. И дали тоа ќе предизвика даночна евазија, па и ценовен шок, ќе биде доста драматично- вели за Алфа, Миле Бошков, претседателот на бизнис конфедерацијата на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2021 01:57